Skip to main content

Уписи во градинки - Kindergarten enrolments

Општина Витлси има сеопфатна мрежа од забавишта што им служат на сите соседства во рамките на општината. 

Тие забавишта (претшколски установи) пружаат висококвалитетни образовни програми за деца на возраст од 4 години, во годината пред нивното тргање на училиште.

Децата мора да имаат навршено 4 години пред 30 април во годината во која треба да тргнат во забавиште.

Што е тоа забавиште за деца на четиригодишна возраст?

Забавиштето за деца на четиригодишна возраст е едногодишна програма за деца во годината пред да тргнат на училиште. Забавиштата добиваат финансиска помош од државата и наплаќаат сосем мали износи за да можат сите деца да ги посетуваат. Децата одат во забавиште околу 10-12 часа неделно што може да се распределат во два или повеќе дена, или по цел ден во центрите за згрижување на деца во кои има забавишни програми.

Информации за програмите, за времето на нивното одржување и за наплатите може да добиете од секое забавиште, а тие се честопати изложени и на огласните табли на забавиштата.

Со забавиштата обично управуваат управни одбори (Committees of Management) составени од родители доброволци што се избираат секоја година на Годишно генерално собрание. Одборите се регистрирани во државниот Оддел за општествени служби (State Government Department of Human Services - DHS) и нивното работење редовно се надгледува за да се

осигура дека се почитуваат стандардите и дека се задоволуваат условите за основање на забавиште. (Ве молиме запомнете дека изразите „забавиште“ и “предучилишна установа“ се однесуваат на иста програма).

Зошто да се посетува забавиште?

Забавиштето ќе му помогне на вашето дете да развие способности за говор и за слушање, самодоверба и самостојност, телесни и творечки вештини и способности и способност да работи во соработка со другите деца и Macedonian возрасни. Учителите во забавиштата се одговорни за планирање на образовна програма што ги задоволува потребите и интересите на децата и за развивање на желбата за учење кај децата.

Нагласокот се става на пристап кон учењето заснован на игра што му одговара на развојниот степен на секое поединечно дете. Забавиштата нудат многубројни и разновидни забавишни програми и различни работни времиња.

Ве поттикнуваме да закажете состанок за да ги посетите сите забавишта што можеби ве интересираат. Ве молиме прво телефонирајте за да закажете состанок за да може учителот да најде време лично да разговара со вас.

Кои услови треба да се исполнуваат за запишување во забавиште за деца на  етиригодишна возраст

Децата имаат право да посетуваат забавиште за деца на четиригодишна возраст ако навршуваат 4 години до 30 април во годината во која тргнуваат во забавиште. Родителите на децата родени од јануари до април може да избираат во која година ќе го запишат своето дете, дали во годината во која детето ги исполнува условите, или следната година. Важно е родителите на децата родени од јануари до април да запомнат дека некои деца што рано

тргнуваат во забавиште подоцна може да имаат одредени проблеми поради тоа што рано тргнале на училиште.

Кои услови треба да се исполнуваат за финансиска помош

Сите деца имаат право да одат една година во забавиште за деца на четиригодишна возраст според финансиската помош што државата им ја дава на забавиштата.

Поднесување на барање за втора година во забавиште што го финансира државата

Одделот за општествени служби применува строги услови за запишување во втора година во забавиште што го финансира државата. За да ги исполнува условите да се запише во втора година во забавиште што го финансира државата, детето треба:

  • веќе да минало една година во забавиште што го финансира државата
  • да ги исполнува условите за да се запише во училиште следната година
  • да има утврдени развојни потреби во две или повеќе области
  • да се очекува дека ќе има корист ако втора година оди во забавиште

Барањето го подготвува учителот од забавиштето во советување со родителите, а може, ако е потребно, да се советува и со стручњак за раното детство.

Деца со дополнителни потреби

Ако мислите дека вашето дете има дополнителни потреби, треба да го наведете во тоа во делот за мислења на формуларот за запишување. Дополнителните потреби може да вклучуваат доцнење во развојот, здравствена состојба, болест или семејна состојба. Овие информации се важни за да може учителот во забавиштето да ви помогне да поднесете

барање за дополнителни средства за поддршка за вашето дете или за семејната состојба ако е потребно.

Централен план за запишување во забавиште

Општина Витлси има Централен план за запишување во забавиште (Central Enrolment Scheme) за забавиштата за деца на четиригодишна возраст. Во Општината има 26 забавишта, а вие може по ваш избор да одлучите во кое од нив ќе оди вашето дете.

Барањата се разгледуваат откако ќе бидат примени од страна на општина Витлси, а врз основа на тоа се доделуваат и местата во забавиштата.

За да поднесете барање, ве молиме следете ја постапката што е опишана подолу.

Како да поднесете барање

Ќе треба:

Да пополните молбен формулар за запишување во забавиште за деца на четиригодишна возраст (4 Year Old Kindergarten Application form). Тие формулари може да се добијат од:

  • Забавиштата
  • Центрите за здравје на мајките и децата (Maternal and Child Health - MCH Centres)
  • Општинските канцеларии на Ferres Boulevard, South Morang
  • или може да се симнат од местото на интернет на Општината: www.whittlesea.vic.gov.au  

Внесете ги во формуларот поединостите за вашето дете и наведете три забавишта, според редоследот што го претпочитате. Со формуларот се приложени поединости за 26-те забавишта во Општината.

  • Со вашето барање доставете ги следните работи:
  • Доказ за раѓањето на детето (на пример, копија од крштеница/извод од матичната книга на родените, или од Регистарот на службите за здравје на мајките и децата (MCH record book)
  • Доказ за жителство во општина Витлси (на пример, копија од важечка возачка дозвола, известување за општински данок, сметка за телефон, гас, струја или вода)
  • Такса за запишување што е неповратна, во износ од $20 или $6 со копија од Здравствена картичка (Health Care Card).
  • Лицата што не се жители мора да достават доказ за договори за основно згрижување на деца и/или за вработување на територијата на Општината, на пример, потпишана Свечена изјава (Statutory Declaration). 

Поднесете го вашето барање по пошта или предајте го на:

Поштенска адреса:

Kindergarten Central Enrolments

City of Whittlesea

Civic Centre

Locked Bag 1

BUNDOORA MDC 3083 

Лично предавање:

Шалтер за услуги за заедницата

(Community Services Counter)

Ferres Boulevard

SOUTH MORANG

Страница на картата Melway: 183 A10 

Постапка за поднесување на барање

  1. Од кога може да се поднесуваат барања
    Барањата се примаат од 1 март секоја година, за две години однапред пред годината кога детето ќе тргне во забавиште.
  2. Краен рок за поднесување на барање
    Крајниот рок за поднесување на барањата е 5 часот попладне на 31 мај една година пред тргнувањето на детето во забавиште.
  3. Потврда дека е добиено место во забавиште
    Почнувајќи од јуни во годината пред да тргне детето во забавиште, ќе почнат да се даваат понуди според редоследот на датумите кога се поднесени барањата. Општинскиот службеник за поврзување со службите за деца (Council’s Children’s Services Liaison Officer) писмено ќе ви потврди дека вашето дете добило место во забавиште. 

Измени на вашето барање

Многу е важно писмено да ја известите Општината за било какви промени во редоследот на забавиштата што ги претпочитате, за промена на адресата или на телефонскиот број за контакт, и тоа колку што е можно побрзо.

За да измените или обновите било каква информација во вашето барање, јавете се кај Општинскиот службеник за поврзување со службите за деца на 9217 2242 за да ви испрати формулар за промена на информациите (Change of Information form), или пак можете да го симнете тој формулар од местото на интернет на www.whittlesea.vic.gov.au, потоа појдете на Community and Health а потоа на Kindergartens (Preschool).

Првенство при запишувањето

При запишувањето, првенство им се дава на семејствата што живеат, работат и учат во општина Витлси.

Забавишта во склоп на установите за згрижување на деца

Во Општината има центри за згрижување на деца кои исто така нудат и забавишни програми за деца на четиригодишна возраст. Ако сакате список на тие центри за згрижување на деца, телефонирајте кај Општинскиот службеник за поврзување со службите за деца на 9217 2242 или најдете го на местото на интернет на www.whittlesea.vic.gov.au, потоа појдете на

Community and Health а потоа на Kindergartens (Preschool).

Забавишта за деца на тригодишна возраст

Ако сакате да го запишете вашето дете во забавишна програма за деца на тригодишна возраст, треба да поднесете барање директно во забавиштето што сте го одбрале. Важно е да го запомните следното:

Тие програми не се финансиски помагани од државата па затоа за нив обично се плаќа поскапо отколку за забавишните програми за деца на четиригодишна возраст;

Ако вашето дете посетува програма за деца на тригодишна возраст, местата не се распределуваат автоматски за забавиштето за деца на четиригодишна возраст во истиот центар.

Забавишта во општина Витлси

Општината не прима барања за запишување во забавишта за деца на тригодишна возраст Комбинираните забавишта (boxed kindergartens) имаат групи за деца на тригодишна и на четиригодишна возраст